
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто во работна посета на Македонија
- ТВ КАНАЛ ВИС null
- Jun 13
- 1 min read
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија, Тимчо Муцунски, денеска ќе биде домаќин на својот унгарски колега, Петер Сијарто, кој престојува во работна посета на земјава.
Според информациите од Министерството, фокусот на средбата ќе биде ставен на унапредување на билатералната соработка, која во изминатиот период се одвиваше со зголемен интензитет и продуктивност. Посебен акцент ќе биде ставен и на тридецениското пријателство меѓу двете земји, како и на постојаниот раст на трговската размена.
Во рамките на посетата, се очекува потпишување на Договор за стратешка соработка меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Унгарија, како и Меморандум за разбирање помеѓу Министерството за образование и наука и Министерството за надворешни работи и трговија на Унгарија. Меморандумот се однесува на соработката во рамките на Програмата Stipendium Hungaricum за периодот 2026–2028 година.
Документот ќе го потпишат министерот Петер Сијарто и министерката за образование и наука, Весна Јаневска, информираат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
Comments