
Untitled
- ТВ КАНАЛ ВИС null
- Jun 13
- 1 min read
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, заедно со обвинителскиот тим од Основното јавно обвинителство Кочани, денеска ќе одржат прес-конференција на која ќе информираат за текот на досегашната постапка и донесената јавнообвинителска одлука во врска со трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“.
Истрагата се однесува на настанот што се случи ноќта на 16 март, кога во пожарот во клубот „Пулс“ животот го загубија 62 лица, а околу 200 беа повредени.
Прес-конференцијата има за цел да ја информира јавноста за спроведените активности и натамошните чекори во постапката.
Comments