top of page

За седум години – 17.000 ученици помалку Загрижувачки бројки за иднината на државата



Бројот на ученици во основните и средните училишта во државата континуирано се намалува – во последните седум години, има дури 17.000 ученици помалку, додека факултетите се соочуваат со над 5.000 студенти помалку.


Од Министерството за образование велат дека ваквиот тренд е резултат на масовното иселување и опаѓањето на наталитетот. Сепак, тие изразуваат надеж дека зајакнувањето на македонската економија ќе ги мотивира иселените граѓани да се вратат заедно со своите семејства.


Иако уписите за новата учебна година сè уште траат и нема конечни податоци, јасно е дека трендот на намалување на бројот на ученици прерасна во хроничен проблем. Поранешниот директор на Државниот завод за статистика, Дончо Герасимовски, истакнува дека во последната деценија се затвориле 45 основни училишта низ државата, при што голем број региони се празнат.


Иселувањето, кое особено се засили во последните 15 години, предизвика сериозни демографски промени. Земјата ја напуштија главно работоспособни и репродуктивни граѓани, што директно се одрази и врз образовниот систем.

Comentários


bottom of page