top of page

Трајко Славевски ќе зема над 300 илјади денари плата, вети дека ќе ја оправда позицијата која ја доби!



Трајко Славевски беше избран за нов гувернер на Народна банка, тој на новата позиција ќе зема над 300 илјади денари плата, вети дека ќе ја оправда позијацата која ја доби.


„Ветувам дека ќе ја оправдам довербата, а оние кои имаат некакви забелешки ќе ги убедам во спортивното, дека Народна банка била и ќе остане независна институција“, посочи тој, во денешната свечена изјава.


-Се разбира законските надлежности се дефинирани, тоа е ценовна стабилност што за Република Македонија би значело ниска и стабилна инфлација и финансиска стабилност кои ќе бидат поддршка на амбициозните политики на Владата затоа што и една друга цел на Народната банка е да ги поддржува политиките на Владата и тоа ќе бидат основните приоритети. Јас ќе се фокусирам заедно со моите советници јадрото на функциите или основните функции на Централната банка кои ги наведов. Во изминатиот период нормално тоа беше на некој начин поттикнато од надвор од однесувањата на Светска банка и други централни банки, централните банки да ги шират своите надлежности, интереси на одредени прашања, кои се наметнуваат од поширок социјален интерес како на пример зелена енергија и слично јас мислам дека тоа треба да се остави на другите институции и Централната банка да се фокусира на трите основни цел – посочи Славески.


-Очекувањата на јавноста се дека ќе има стабилен девизен курс, но овде сакам да кажам една работа пошироката јавност е фокусирана на она што се нарекува номинален девизен курс, кој очекуваме да биде фиксиран, но јас како професионален економист го следам и реалниот девизен курс кој зависи од односот на нашите домашните цени и цените со нашите трговски партнери пред се оние во еврозоната. За жал во изминатиот период особено по 2022 година имаме значителна реална прецијација на реалниот девизен курс, а тоа се должи на високата инфлација кај нас, која беше повисока во просек од онаа во еврозоната. Реалниот девизен курс на денарот од 2002 година ноември до јануари од оваа година е зајакнат за 5,4 проценти во однос на сите трговски партнери, а во однос на еврото денарот има апресирано цели 9 проценти – изјави Трајковски.


Тој појасни дека тоа значи губење на конкурентноста на македонската економија.


-Република Македонија станува поскапа за нашите трговски партнери тоа го погодува извозот, еве ни претстои туристичка сезона во нашите туристички центри имаме и откажувања на аранжмани со изговор од агенциите од странство дека Република Македонија станала релативно скапа земја. Ова значи дека ќе треба инфлацијата, стапката на инфлација да ја држиме во рамки на онаа во еврозоната. Тоа што имавме стабилен фиксен девизен курс изминатиов период се должеше на една единствена причина, нашата стапка на инфлација беше во рамкиите на онаа во еврозоната со која е врзан денарот – смета тој.


Извор: infomax.mk

Comments


bottom of page