top of page

ТРАНЗИЦИСКИ ПРИКАЗНИ ОД СТРУМИЦА: КАКО СЕ ПРЕРАСПРЕДЕЛУВАШЕ НАРОДНОТО БОГАТСТВО



Дојава од разочаран граѓанин и доскорешен активист на ВМРО ДПМНЕ


Струмица не заборава. Градот кој отсекогаш бил синоним за труд, солидарност и достоинство, денес носи длабоки лузни од времето на транзицијата – периодот кога државата ги отвори вратите за приватизација, а некои ги затворија вратите на народот кон иднината.


Во фокусот на една од најболните приказни е АД Неметали Огражден – некогашен економски столб во регионот. За време на транзицијата, наместо фер распределба на акциите, сведочевме на агресија, манипулации и притисоци. Многу семејства, заслепени од несигурноста и гладот, беа принудени да ги продадат своите акции за симболични суми или да се откажат од нив во целост, додека други – моќни и добро поврзани – тивко ја преземаа контролата.


Во центарот на оваа мрежа на интереси и алчност се најде фамилијата Маџункови. Името на Никола Маџунков, денес координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, станува симбол за се што тргна наопаку во процесот на приватизација. За жал, политичката моќ денес не се користи за исправување на неправдите, туку за легализација на неправедно стекнатото.


Граѓаните се разочарани. Некои останаа без домови, други без работа, трети без волја да се борат. Во контраст, поранешните директори, политички функционери и нивните фамилии денес спокојно ги прераспределуваат акциите – како трофеи од една борба во која победиле со туѓа мака.


„Зарем за ова ве бираше Струмица, бре ВМРО? Да ги сквернавите светите букви ВМРО, да газите по народната мака и денес уште гордо да се фалите со акции?“ – прашува еден граѓанин, чие семејство е директно погодено од овие процеси.


Ова не е само приказна за една фамилија или едно претпријатие. Ова е приказна за цел еден народ изневерен од системот, оставен да преживува на остатоците од своето минато. Струмица нема да заборави. И нема да прости. Не заради одмазда, туку заради вистината.

Comments


bottom of page