top of page

Марко Кренков – симбол на младинска генијалност и пример што ја исполнува Струмица со гордост



Градоначалникот Костадинов: „Ќе го афирмирам секое дете што ја возвишува Струмица со знаење, дисциплина и труд!“


Струмица има ново златно име на мапата на европскиот интелектуален елитизам – Марко Кренков, ученик од деветто одделение во ООУ „Видое Подгорец“. Со серија извонредни резултати на домашни и меѓународни натпревари, Марко не само што се искачи на врвот на својата генерација, туку испрати и силна порака: македонските деца, кога се поддржани и вреднувани, можат да ги надминат сите граници.


👨‍🎓 Неговите достигнувања го говорат тоа сами за себе:

🏅 2 државни награди

🥇 Државен првак по информатика во 8 одделение

🥉 2 бронзи на ЈММО

🥈 Сребрен и 🥉 бронзен медал од МЈОИ

🥉 Бронзен медал од ЈБОИ

🥉 И – историски успех: бронзен медал на Европската јуниорска олимпијада по информатика (ЕЈОИ) во Молдавија – како прв ученик од Струмица што го постигнал ова!


Но зад секој успех стои систем што не дозволува тие млади умови да останат незабележани. Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, повторно покажа зошто е препознаен како лидер со визија и државнички пристап. Во време кога многумина се занимаваат со површен популизам, тој го вложува своето внимание, енергија и медиумски капитал за јавна афирмација на младите таленти, давајќи им мотив повеќе да продолжат по патот на знаењето и успехот.


„Како што ги градиме улиците и парковите, така мораме да ја градиме и иднината на овој град преку знаењето на нашите деца. Марко е гордост, но и одговорност – да не запре поддршката за вакви млади луѓе“, изјави градоначалникот Костадинов.


Во атмосфера на политичка турбуленција и општа безидејност, ваквата поддршка на образованието е токму она што го прави лидерот вистински државник – да препознае, вреднува и јавно да возвиши успехот кога истиот произлегува од народот.


Марко, твојата Струмица е горда на тебе. А со ваков градоначалник, знаеме дека патот на успесите за младите е отворен, сигурен и почитуван.

ree
ree
ree

Comments


bottom of page