
Писмо до редакцијата на порталот на ТВ Канал ВИС: “Фала што конечно имаме градоначалник што работи!”
- ТВ КАНАЛ ВИС null
- Jun 11
- 1 min read
До редакцијата на ТВ Канал ВИС,
Ве молиме да ја објавите оваа порака од група граѓани од Струмица, кои со голема гордост и благодарност сакаат јавно да го поддржат градоначалникот за тоа што го направи за нашиот град.
Не паметиме кога последен пат некој навистина мислеше на обичниот човек. Сега гледаме дека не се работи само за зборови и ветувања – се гледаат дела. Струмица доби електричен јавен превоз – нешто што за многумина звучеше невозможно. Без чад, без бучава, без загадување – конечно имаме град што дише!
Автобусите се нови, тивки, пристапни за сите – и за ученици, и за пензионери, и за луѓе што секој ден патуваат на работа. За прв пат се чувствуваме како да не сме заборавени.
Дополнително, се гледа редот што се воведува во градот – се отстрануваат дивоградби, се средуваат улици, се мисли и на пешаците и на велосипедистите. Ова не е само администрација, ова е домаќинска работа.
Градоначалникот не се пазари, не калкулира, не се крие зад празни фрази. Работи – секој ден.
Затоа сакаме да кажеме едно гласно и искрено:
ФАЛА! Продолжете вака! Струмица е со вас.
Со почит!
Comments