top of page

Тајмс: На есен ќе се преговара за прием на мигранти од Велика Британија во Македонија, Косово и Босна



Велика Британија најави разговори со неколку земји од Западен Балкан за отворање офшор центри за враќање на мигранти кои не ги добиле азилските барања. Меѓу потенцијалните домаќини се Косово, Македонија и Босна и Херцеговина, јави британски „Тајмс“.

Според извори блиски до владата во Лондон, Косово е една од деветте земји разгледувани за отворање на таканаречените „return hubs“, каде што мигрантите од Велика Британија, кои немаат право на азил, би биле преместувани по исцрпување на сите легални жалбени можности.


Претседателката на Косово, Вјоса Османи, изјави дека земјата е „отворена“ за разговори, но додаде дека нема детали за конкретен договор.


Во меѓувреме, Велика Британија се соочува со растечки број мигранти кои нелегално пристигнуваат преку каналот Ла Манш во мали чамци — бројка што бележи зголемување од 37% во споредба со минатата година.


Идејата за офшор центри е дел од пошироката стратегија на британската влада да го забрза процесот на депортација и да го олесни правниот процес за враќање на мигрантите во „безбедни“ трети земји.


Иако Албанија го одби предлогот за отворање центар на нејзина територија, Косово и други балкански земји продолжуваат да се разгледуваат како потенцијални партнери.


Дополнително, Велика Британија е во преговори и со меѓународни организации, како што е УНХЦР, кои ја поддржуваат идејата за ваквите центри, за разлика од претходниот план за депортација во Руанда, кој беше одбиен.


Премиерот Стармер е под притисок поради зголемувањето на бројот мигранти и се очекува дека на есен, во Лондон, на самитот за Западен Балкан, оваа тема ќе биде еден од приоритетите.


Извор: vesti.mk

Comments


bottom of page