top of page

Состојба на патиштата



Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива без проблеми, по претежно суви коловози.


Според информациите од Автомотосојузот на Македонија (АМСМ), интензитетот на сообраќај е зголемен на патните правци надвор од урбаните средини. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез или излез од државата.


АМСМ апелира до возачите да ја прилагодат брзината според условите на патот, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да управуваат внимателно, особено на делниците што минуваат низ котлини, речни долини и клисури, каде постои ризик од појава на одрони.


Ова особено се однесува на делниците: Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, стои во соопштението на АМСМ.

Comments


bottom of page