
Сончево и топло време со слаба локална облачност
- ТВ КАНАЛ ВИС null
- Jun 13
- 1 min read
Денеска не очекува претежно сончево и топло време, со слаба локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, а долж Повардарието на моменти ветерот ќе биде засилен и од северен правец.
Минималните утрински температури ќе се движат меѓу 9 и 19 степени, додека дневните максимуми ќе достигнат од 27 до 34 степени Целзиусови.
Според прогнозата на УХМР, во наредните денови се очекува стабилно и претежно сончево време, со топли денови. Во сабота, долж Повардарието, повторно се предвидува повремено засилен северен ветер.
Comments