top of page

Сончево и топло време до крајот на неделата



Денеска не очекува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб до умерен ветер, а во попладневните часови, особено долж Повардарието, повремено ќе се засилува и ќе дува од северен правец. Максималната дневна температура ќе достигне до 35 степени Целзиусови.


Слични временски услови ќе преовладуваат и во наредните денови, односно до крајот на неделата.

Comments


bottom of page