top of page

„Сапорт Кочани“ ја исплати фактурата за првата тура компресивна облека



Граѓанската иницијатива „Сапорт Кочани“ ја исплати фактурата за набавка на првата тура компресивна облека, наменета за повредените во трагичниот настан што се случи во Кочани. Вредноста на набавката изнесува 923.458 денари.


Како што соопштија од иницијативата, средствата биле целосно обезбедени преку донации од граѓани, компании и поддржувачи од земјата и странство.


Од „Сапорт Кочани“ информираат дека облеката е веќе нарачана и се очекува да пристигне во Кочани околу 16 јуни. Дополнително, обезбедени се и средства за втора тура, а на 16 и 17 јуни во градот повторно ќе пристигнат експерти од Бугарија, кои ќе започнат со земање индивидуални мерки за новата нарачка.


„Иако некои процеси бараат време, ова е доказ дека кога има волја – има и начин. Ви благодариме на сите вас – граѓани, пријатели и непознати хумани срца – што покажавте што значи вистинска солидарност,“ се наведува во соопштението од иницијативата.

Comments


bottom of page