top of page

“Ред мора да има и Законот мора да важи за сите,без исклучок и пристапот неселективен”-вели Костадинов

Како портал побаравме став од градоначалникот Костадинов,во однос на барањето на советничката група на Вмро Дпмне за итна седница во однос на одлуката на секторот за инспекциски служби при Општина Струмица за рушење на објекти, пред сѐ угостителски за кои при вонредни надзори на инспекциските служби е констатирано дека имаат недостатоци и неправилности во однос на одобренијата за користење на јавна површина.


Одговорот на Костадинов беше краток:

“Ред мора да има и Законот мора да важи за сите,без исклучок и пристапот неселективен.Инспекторите постапуваат независно по Закон и ниту една одлука неможе и несмее да влијае на нивното работење затоа што е спротивно на Законот.


Во таа смисла,безпредметно и ирелевантно без никаква можност да се промени одлуката би било, било какво разгледување или одлука на совет.Станува збор за надзори за кои веќе се оформени предмети,донесени решенија и враќање назад нема.”

Беше дециден Костадинов.


Огромното мнозинство струмичани даваат поддршка на одлуката на инспекторите конечно да се стави ред во безредието.

Секојдневно голем број на граѓани пишуваат пораки до порталот на ТВ Канал Вис во насока на поддршка на одлуките на градоначалникот Костадинов.

Comments


bottom of page