top of page

Пред пратениците Предлогот за именување гувернер на Народната банка



Пред пратениците во рамки на денешната 52. седница ќе биде Предлогот за именување гувернер на Народната банка на Република Северна Македонија.


За иден гувернер е предложен универзитетскиот професор Трајко Славески од Економскиот факултет во Скопје, кој треба да ја замени досегашната гувернерка Анита Ангеловска-Бежоска. За избор на Славески се потребни 61 глас или просто мнозинство. Славевски е актуелен претседател на Советот на Град Скопје, а претходно ги извршување функциите министер за развој и за финансии.


Славески ќе има седумгодишен мандат, а предлогот тој да биде иден гувернер го достави претседателката на државатаГордана Сиљановска-Давкова.


Таа пред да ја донесе одлуката, разговараше со кандидатите за гувернер, а во информацијата објавена по изборот напиша дека изборот меѓу кандидатите бил тежок и дека се водела од стручноста и компетентноста, дигнитетот и интегритетот, како и реалната можност за именување на кандидатот.


- Би сакале да потенцираме дека изборот беше тежок, со оглед на докажаниот квалитет на сите кандидати, посочија од Кабинетот на претседателката.


На дневен ред на оваа седница се и Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за локалната самоуправа, во второ читање и Предлог на законот за изменување на Законот за културата, по скратена постапка.


Извор: 24.mk

Comments


bottom of page