
Прв случај на мајмунски сипаници потврден во Албанија
- ТВ КАНАЛ ВИС null
- Jun 12
- 1 min read
Во Албанија е регистриран првиот случај на мајмунски сипаници, заразна болест што е дијагностицирана кај млад маж на возраст од околу триесет години, јавува телевизијата Топ чанел.
Пациентот веднаш бил ставен во изолација откако била потврдена дијагнозата. Здравствените власти се активирани и работат на идентификување на неговите блиски контакти со цел да се спречи понатамошно ширење на инфекцијата.
Според наводите, младиот маж неодамна патувал во странство, што се смета за најверојатен извор на заразата, бидејќи досега во Албанија не се пријавени случаи на мајмунски сипаници, ниту од страна на Институтот за јавно здравје.
Симптомите на болеста вклучуваат треска, болки во телото, отечени лимфни јазли, како и појава на осип и плускавци, најчесто на лицето, рацете и гениталиите. Мајмунските сипаници се пренесуваат преку директен контакт со заразена кожа или телесни течности, како и преку интимен контакт. Можно е и пренесување преку контаминирани предмети, како што се постелнина, облека и крпи.
Comments