top of page

Крлежите се будат, лекарите апелираат на претпазливост



Со топлото време и со повисоките температури започнува и сезоната на крлежите, кои секоја година претставуваат сериозна закана за здравјето на луѓето.


Овие мали инсекти, кои најчесто се наоѓаат во висока трева и грмушки, се преносители на опасни заболувања како Лајмска болест и крлежен енцефалитис.


Иако најчесто се присутни во природните средини, нивното присуство сè повеќе се забележува и во урбаните паркови, дворови и градини.


Граѓаните кои често ги посетуваат градските паркови или кои работат во природа, особено треба да бидат внимателни и да преземаат мерки за заштита.


Здравствените експерти предупредуваат дека крлежите можат да предизвикаат сериозни здравствени проблеми, ако не бидат навреме отстранети.


Особено е опасно ако инсектот остане на телото повеќе од 24 часа, бидејќи ризикот од пренесување инфекции значително се зголемува.


Доктор од Институтот за јавно здравје за нашиот портал објаснува дека најголемиот проблем е што луѓето често не се свесни дека имаат крлеж на телото, бидејќи тие се многу мали и речиси безболни при убодот.


„Најважно е крлежот да се отстрани правилно и целосно. Никогаш не треба да се обидувате да го извадите со раце или со нокти, бидејќи главата може да остане во кожата, што дополнително ќе ги зголеми шансите за инфекција. Најдобро е да се користат пинцети и да се извади внимателно и стабилно, без нагло движење“, вели лекарот.


Според здравствените препораки, во сезоната на крлежите неопходно е носење долга облека, избегнување на прошетки низ висока трева, како и користење репеленти кои се нанесуваат на кожата или облеката.


Дополнително, неопходно е по секое излегување во природа, детално да се проверат телото и облеката за евентуално присуство на крлеж.


Извор: denar.mk

Comments


bottom of page