
ООУ "МАРШАЛ ТИТО” СТРУМИЦА ГО ПРОСЛАВИ СВОЈОТ ПАТРОНЕН ПРАЗНИК
- ТВ КАНАЛ ВИС null
- Jun 1
- 1 min read
Костадинов се поклони со голема почит пред Тито.

Градоначалникот на општина Струмица , Костадин Костадинов заедно со претставници од општината и училиштето положија свежо цвеќе пред училиштната биста на "Маршал Тито " во Струмица, по повод патрониот празник на училиштето.
“ООУ “Маршал Тито” Струмица, го прослави својот патронен празник
Мојата почит кон учениците и наставниците и денеска ја потврдив со присуството на одбележувањето на патрониот празник на ООУ „Маршал Тито“ од Струмица.

Заедно му оддадовме почит на претседателот на поранешна Југославија Јосип Броз Тито со полагање свежо цвеќе пред неговата спомен биста во училишниот двор и уживавме во богатата културно – уметничка програма по повод патрониот празник која со посебна љубов и труд ја подготвија учениците и нивните наставници.

Нека им е среќен патрониот празник и нека редат успеси во воспитно – образовниот процес и секогаш ќе ја имаат мојата поддршка.” - вели во неговото излагање Костадинов.
Comments