
Кумашините на Мицкоски станаа функционери во Министерство и Агенција за поддршка на земјоделството!
- ТВ КАНАЛ ВИС null
- Jun 1
- 2 min read
По дефиниција непотизам е фаворизирање роднини или пријатели при доделување на функции и почести без притоа да се води сметка за стручноста. Според речникот на македонскиот јазик, непотизам е „злоупотрерба на службената или на политичката и друга моќ за доведување роднини на привлечни и влијателни функции“.

Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на 16 мај 2025 година беше распишан интерен оглас за унапредување на еден административен службеник во МЗШВ, на позицијата Државен советник за организација и координација на подрачни единици. Месечната нето плата за оваа позиција е 50.323 денари.
Верувале или не, на таа позиција е унапреден токму кумашинот на Мицкоски, Игор Миќев. Во текот на вчерашниот ден е донесена одлука по интерниот оглас и како најпогоден за позицијата е избран кумашинот на претседателот на Владата.

И тоа е се. Не само што кумашинот на Мицкоски е унапреден, раководна позиција во истото Министерство си доби и неговата сопруга, Цветанка Игнева Миќев, која ќе биде помошник раководител на секторот за одобрување на проекти, но во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Претходно, од позиција на опозиција, ВМРО-ДПМНЕ реагираше на вакви и слични вработувања и бизниси од страна на претходната власт, па така постојано актуелна тема во јавноста беа кумовите на Ковачевски, Заев, членовите на Владата и слично. Дали од ВМРО-ДПМНЕ ќе реагираат и за овој вид на непотизам, останува да видиме.
Додека земјоделците чекаат субвенции, а состојбата во секој сектор на земјоделието е катастрофална, протестираа оризопроизводители, сточари, тутунари, јаболкари и останати земјоделци, во МЗШВ очигледно поважно е да се унапредат и вдомат кумашините на премиерот.
Чекајте вие субвенции и откуп, ќе средат, само да довработат уште некој што треба да се ухлеби на државна плата.
Извор: infomax.mk
Comments