top of page

Зголемен интензитет на сообраќајот, без подолги задржувања на граничните премини



Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Забележан е зголемен интензитет на движење, особено на патните правци надвор од урбаните средини.


На граничните премини, од македонска страна, моментално нема подолги задржувања ниту за влез, ниту за излез од државата.


Автомотосојузот на Македонија (АМСМ) апелира до возачите да се движат со прилагодена брзина, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да управуваат внимателно, особено на делниците низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои ризик од појава на одрони.


Како посебно ризични делници се наведуваат: Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Comments


bottom of page