top of page

ДИЛЕМА ПОМЕЃУ ЧЛЕНОВИТЕ ВО ВМРО ДПМНЕ?!



Владата на Вмро Дпмне го следи примерот на градоначалникот Костадин Костадинов за набавка на нови 120 електрични автобуси.Воедно Струмица е прв град на Балканот со имплементиран целосно електрифициран јавен превоз.


Во рамките на надзорната расправа во Собранието посветена на аерозагадувањето, премиерот Христијан Мицкоски одговараше на прашање на пратеничката Олга Лозановска за влијанието на транспортот врз загадувањето на воздухот, кој, според анализите, е втор загадувач.


„Како Влада почнавме и веќе е во завршна фаза, преку Министерството за транспорт, објавувањето јавна набавка, преку која ќе бидат купени 120 електрични автобуси. Ценам дека тоа е многу важно не само за главниот град туку и за другите општини, кои имаат организиран јавен градски превоз и тие пропорционално ќе бидат донирани од Владата, се разбира со целосна инфраструктура за полнење на тие автобуси“, рече премиерот.


Тој дополни дека во владина процедура е усогласување на царинските тарифи со ЕУ во делот на увоз на автомобили и автобуси.


„За оние батериски системи, во струката познати како резервоари за полнење електрична енергија, досега имаме царинска стапка од 15 %, а ЕУ има 2,7 %. Со тоа автоматски секој оној што сака да инвестира и да придонесе да имаме поздрава животна средина плаќа многу повеќе од своите колеги во ЕУ. “- вели премиерот Мицкоски.

Comentários


bottom of page