top of page

Градоначалникот Костадинов ја одби министерката Димитриевска-Кочовска: „Не одам на партиски седенки со ВМРО-ДПМНЕ – Струмица не е ваш реквизит за ПР“


ree

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, отворено ја одби поканата за состанок од министерката за финансии Гордана Димитриевска-Кочовска, оценувајќи ја како партиски режирана фарса во која тој нема намера да учествува.

Како што појаснува Костадинов, министерката инсистирала состанокот да се одржи само со него и со советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

„Не одам на состаноци по теркот на ВМРО-ДПМНЕ – шушкање во ќош, без сведоци. Ако сака средба, ќе биде транспарентна, со сите политички чинители. Не сум реквизит во нејзиниот ПР-театар.“

Повод за поканата беше јавната реакција од струмичани, поради намерното и срамно блокирање на согласностите за вработување на воспитувачи и негувателки во градинките. Костадинов вели дека не само што бил свесен за опструкцијата, туку и ја разобличува заднината:

„Со месеци Министерството свесно не го исплаќа повратот на ДДВ на Јавното претпријатие за транспорт за да го блокира. Сакаат Струмица да остане без јавен превоз, па ВМРО-ДПМНЕ да се појави како ‘спасител’. Толку им е подло сценариото.“

Тој нагласува дека граѓаните на Струмица нема да бидат заложници на партиските игри на ДПМНЕ и дека локалната самоуправа веќе ги решила проблемите самостојно.

„Сами си го решивме проблемот со вработувањата во градинките. Вие доаѓате кога е завршена работа, за да сликате ПР и да лажете народ. Доцните, како што доцните со се’: со регионалниот пат кај Дабиле, со скенерот во болницата, со сите проекти што ги ветивте за Струмица.“

Со крајно јасна порака, Костадинов заклучи:

„Доцните и со правдата, а кога не доцните – ја кочите. Струмица нема да ја газите и користите за партиски цели. Ова не е филијала на ВМРО-ДПМНЕ.“

Comments


bottom of page