top of page

Бугарска фирма ќе ги промовира проектите на Владата! Плаќате 23,6 МИЛИОНИ ДЕНАРИ (380.000 ЕВРА) за снимање, сликање и билдање на рејтингот на премиерот!



Од народни пари ќе се плаќа промоција на „проектите“ на Владата, односно билдање на рејтингот на владејачката коалиција, но не на било кого, туку на компанија која е во сопственост на бугарска фирма!


МК МЕДИЈА ГРУП ЕООД е бугарска компанија, основана во 2020 година, со седиште во Благоевград, Бугарија, управител е Зоран Милевски (бугарско државјанство), а сопственик е Ванчо Бошков (учествувал во основање на компанијата со македонско државјанство).

Компанијата во Бугарија се занимава со обезбедување услуги преку Интернет, интернет трговија, услуги обезбедени преку телефон, рекламни активности, обезбедување маркетиншки услуги, онлајн продавница, купување стоки или други предмети со цел продажба во оригинална, обработена или обработена форма; трговско застапување и медијација; услуги за рекламирање, информации, програмирање и управување; трансакции со интелектуална сопственост; консултантски активности, како и сите други активности и услуги што не се изрично забранети со закон, по издавање на соодветна дозвола, акредитација, лиценца, доколку е потребно.

ree

Ако истражите малку повеќе во Бугарија, ќе видите дека Ванчо Бошков ја купил компанијата од Марко Костовски, кој е сопственик на македонската компанија која го доби тендерот од Влада.


Дека дел од парите на македонските граѓани ќе оди во бугарска компанија и ќе ја „крепи“ бугарската економија веќе заклучивте. Да се вратиме на набавката распишана од генералниот секретаријат на Владата.

Во тендерската документација, за да воопшто се учествува на тендерот има услов да компанијата понудувач треба да има приход од минимум 20 милиони денари во последните две години.

ree

Дополнително, потребно е компанијата да ги исполнува следниве минимални услови:

Најмалку 5 договори со ист или сличен предмет на набавка во последните три години. Најмалку 1 режисер, три монтажери, три сниматели, три фотографи, три графички дизајнери, три проект менаџери, три копирајтери.


ree

Со овие услови, нормално дека се пријавила само една компанија и тоа го докажува повторно веб-страницата за јавни набавки.


Нормално, на Владата ѝ е важно квалитетно да ги промовира „проектите“, кои патем вие како граѓани целосно ги плаќате, кои можеби ќе бидат направени, а можеби и не, ама сигурно е дека ќе платите уште дополнителни 23,6 МИЛИОНИ денари исто така ваши пари за премиерот и министрите да се сликаат, снимаат и да објавуваат како во Македонија се живее прекрасно (ако си функционер).


И додека им плаќате ПР и билдање на нивниот рејтинг, вие имате две чаши млеко на ден, цреши не смеете да јадете, а на одмор да не ни помислувате да одите. Најдобро да јадете само леб и сол, за да има што повеќе пари за Владата да си го билда рејтингот, кој исто така вие им плативте да го мерат.


Претходно во денови на жалост Владата си склучи договор за истражување на јавното мислење во вредност од 400.000 евра.


Извор: infomax.mk

Comments


bottom of page