top of page

АМСМ: Нема подолги задржувања на граничните премини, сообраќајот се одвива непречено



СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива без проблеми, по суви коловози.


ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез и излез од државата.


ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува возачите да ја прилагодат брзината според условите на патот, да ги почитуваат сообраќајните знаци и да возат внимателно, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите каде постои ризик од одрони. Особено внимание се препорачува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.


ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Мостот на реката Вардар на регионалниот пат Р1312, кај Башино село, е затворен за сообраќај.


СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 17.04.2025 година патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица е отворен за возила до 3.5 тона.


РАБОТИ НА ПАТ:


Од 26.05.2025 започнуваат градежни активности за санација на мост на реката Драгор на улицата “Довеџик” во општина Битола, при што сообраќајот ќе биде пренасочен по времен премин – девијација.


Од 12.05.2025 патниот правец Р2337 Кичево – крак со село Цер ќе биде затворен од 10:00 до 16:00 часот поради асфалтерски работи.


Од 13.05.2025 започнува санација на мост на реката Вардар на државен пат А2, делница Гостивар – Стража, со воведување на времен режим на сообраќај.


Од 24.04.2025 има привремена измена на сообраќајот на дел од патот А2 (Желино – Тетово), поради геодетско снимање, каде една сообраќајна лента ќе биде затворена во неколку фази. Работите ќе траат до завршување.


Синтек Инженеринг информира за времен режим на сообраќај на автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица, од 17.04.2025 до 31.05.2025, поради реконструкција на десната тунелска цевка во тунелот Т2, која е целосно затворена. Сообраќајот е пренасочен во левата тунелска цевка.


Виадукт Треј Дооел – Гостивар известува за реконструкција на дилатациони спојки на автопатот Неготино – Велес (клучка Неготино), сообраќајот ќе се одвива во една лента во правец од Неготино кон Велес, во период од 15 дена.


Во рамки на Коридор 10Д, од 03.04.2025 е во сила времен режим на сообраќај на регионалниот пат Прилеп – Битола, каде возилата се пренасочуваат по алтернативен пат. Режимот ќе трае до завршување на градежните активности.


Повеќе информации за времените измените и препораки за внимателно возење и почитување на сообраќајната сигнализација се достапни преку АМСМ.


АМСМ - ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР

Comments


bottom of page