top of page

Состојба на патиштата: Сообраќајот се одвива нормално, без поголеми застои



Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по суви и претежно добри коловози.


Според информациите од Автомотосојузот на Македонија (АМСМ), интензитетот на сообраќај надвор од урбаните средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, во моментов нема подолги задржувања при влез и излез од државата.


АМСМ апелира до возачите да ја прилагодат брзината според условите на патот, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да управуваат внимателно, особено на делниците низ котлини, речни долини и клисури, каде што постои зголемена опасност од одрони.


Ова особено се однесува на патните правци: Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, предупредуваат од АМСМ.

Comments


bottom of page