
Силен земјотрес од 6,3 степени ја погоди Колумбија
- ТВ КАНАЛ ВИС null
- Jun 11
- 1 min read
Во неделата, на 8 јуни 2025 година, во 15:08 часот по локално време, Колумбија беше погодена од силен земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала.
Според информациите од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, епицентарот на потресот бил лоциран во областа со географски координати 4.5125 степени северна географска ширина и -73.1444 степени западна географска должина. Земјотресот се случил на релативно плитка длабочина од околу 10 километри под површината на земјата.
Засега нема пријавени податоци за причинета материјална штета или повредени лица, но надлежните служби продолжуваат со мониторинг на состојбата и проверка на можните последици.
Comments