
Косово ќе прими до 50 мигранти од САД во рок од една година
- ТВ КАНАЛ ВИС null
- Jun 12
- 1 min read
Владата на Косово денеска донесе одлука да прифати до 50 мигранти од Соединетите Американски Држави во период од една година.
Како што пренесува Коха, мигрантите ќе престојуваат во Косово со цел да им се овозможи безбедно враќање во нивната матична земја.
„Косовската влада одобри одлука за обезбедување привремена и непосредна заштита за 50 лица, во рамките на соработката со САД. За време на нивниот престој, тие ќе се придржуваат кон важечките законски прописи на Република Косово и ќе ги уживаат правата предвидени со нив“, се вели во соопштението.
Премиерот Албин Курти објасни дека лицата ќе бидат избрани од „предложен список“ и додаде дека ќе живеат во Косово во согласност со домашното законодавство.
„Соединетите Американски Држави остануваат наш верен сојузник, а Косово ќе биде нивен сигурен партнер. Длабоко сме благодарни за нивната постојана поддршка, особено во областа на безбедноста, развојот и нашите евроатлантски аспирации“, напиша Курти на Фејсбук.
Comments