
Индексот „Глобал фајрпауер“ ги објави најмоќните воени сили во светот: САД, Русија и Кина на врвот
- ТВ КАНАЛ ВИС null
- Jun 2, 2025
- 2 min read
Индексот за воена моќ „Глобал фајрпауер“ го објави новиот список на најсилни армии во светот, прикажувајќи значително зајакнување на вооружените сили поради растечката политичка нестабилност. Сојузниците како САД и натаму доминираат на врвот, додека Русија и Кина се веднаш зад нив.
Враќањето на Доналд Трамп на власт, ескалацијата на вооружените конфликти ширум светот и неизвесноста околу Украина и регионот на Блискиот Исток поттикнаа зголемување на воените буџети, особено во рамките на Европската Унија. Дополнително, предупредувањата од САД дека нема да ги штитат сојузниците кои не вложуваат доволно во одбраната доведоа до нови стратешки прилагодувања.
Дури и Германија, која по Втората светска војна инсистираше на мирољубив пристап и економски развој, започна со значајни вложувања во воената индустрија.
Индексот „Глобал фајрпауер“ ги споредува воените капацитети на 145 држави, земајќи предвид повеќе од 60 критериуми: број на активни војници, буџет, техника, воздушни и поморски капацитети, домашна индустрија, логистика и други фактори. Важно е да се напомене дека нуклеарното оружје не е вклучено во ова рангирање.
САД, Русија и Кина на врвот
САД традиционално го држат првото место, со воен буџет од околу 900 милијарди долари – повеќе од буџетите на Кина и Русија заедно. Со модерна технологија, 1,3 милиони активни војници и глобална мрежа на воени бази, американската армија располага со над 6.000 тенкови, десетици илјади оклопни возила и околу 1.850 борбени авиони.
Русија е на второ место, и покрај големите предизвици и загуби во Украина. Со околу 1,5 милион војници и континуирани обиди да ги унапреди своите воени капацитети, вклучително и развојот на новите тенкови „Армата“, Русија сè уште е значаен воен фактор, иако со ограничен капацитет на новата техника.
Кина зазема третото место, со амбиции да ги надмине и Русија и САД. Според некои процени, кинеската армија би можела до 2027 година да биде подготвена за евентуални операции, вклучувајќи и можен обид за враќање на Тајван под контрола на Комунистичката партија.




Comments