
Грците значително ги зголемија туристичките такси, исто и казните
- ТВ КАНАЛ ВИС null
- Jun 1
- 2 min read
Доколку планирате да патувате во Грција ова лето, треба да имате предвид дека стапија на сила нови правила, кои го заменуваат досегашниот данок за престој.
Земјите ширум светот воведуваат нови даноци за да ги зголемат приходите, да го заштитат културното наследство од прекумерен туризам или подобро да го управуваат бројот на туристи, а од оваа година им се придружи и Грција.
Надоместокот за апартмани е зголемен на 2,5 евра дневно, додека цената е уште повисока за хотелите.
Минатата година, за станови, каде што престојуваат најголем број луѓе, плаќавме 0,5 евра на ден по апартман. Оваа година, таа такса е зголемена на 2,5 евра на ден. Слично на тоа, таксите за хотелите се зголемени и изнесуваат од 2 до 15 евра на ден, во зависност од категоријата на хотелот. Таксите се плаќаат за целиот објект, а не по лице.“
Такси и на островите
Даноците на некои туристички острови, како што се Санторини и Миконос, исто така се зголемени за да се ограничи бројот на туристи.
Цените на билетите на археолошките локалитети се исто така зголемени, сè со цел регулирање на бројот на посетители и намалување на влијанието врз локалното население.
Казни до неколку илјади евра за кампување во близина на плажи
Од оваа година е донесен нов закон со кој строго се забранува кампување на која било локација во близина на плажи. Казните за прекршителите на овој закон се движат од неколку илјади евра, а контролите ќе бидат ригорозни.
Контролите на сообраќајот исто така ќе бидат засилени, особено на север од Грција.
Оваа година се очекуваат построги контроли на брзината, задолжителна опрема во возилата и употреба на безбедносни појаси.
Данокот се наплаќа по соба или сместувачка единица, а не по лице, што значи дека семејствата и поголемите групи можат да се снајдат подобро.
Извор:denar.mk






Comments