top of page

Британските медиуми со месеци пишувале: „ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО САКА ДА ИСПРАТИ МИГРАНТИ ВО МАКЕДОНИЈА, СРБИЈА, АЛБАНИЈА…“



Британските медиуми месеци наназад пишувале за намерата на британската Влада да смести мигранти и да отвори мигрантски кампови во земјите од Западен Балкан, поточно, во сите текстови се спомнуваат Македонија, Србија, Албанија и Босна и Херцеговина.

Одбиените баратели на азил може да бидат испратени во балканските „return hubs“ е наслов на британски „Тајмс“ од 21 март 2025 година.

Владата подготвува предлози за отворање серија „return hubs“ во странство каде што мигрантите би биле испраќани откако ќе им биде одбиено барањето за азил и ќе ги исцрпат сите можности за жалба. Министрите сè уште не започнале формални разговори, но владини извори изјавија дека планираат да се обратат до земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ги Албанија, Србија, Босна и Северна Македонија.“ пишува Тајмс.

„Експрес“ пак, на 25 март, пишува дека земјите, меѓу кои и Македонија, ќе го добијат истиот предлог како и Руанда.

„Таканареченото решение на лабуристите? Прикриена преработка на шемата на конзервативната влада со Руанда, само со различно име и неколку козметички промени. Наместо Руанда, лабуристите сега предлагаат испраќање на одбиените баратели на азил во центри во Западен Балкан – Албанија, Србија, Босна и Северна Македонија. Лицемерието е зачудувачко. Лабуристите го отфрлија договорот со Руанда, за кој даночните обврзници веќе платија, без дури ни да дозволат да биде тестиран.“ пишува Експрес.

Истото, со месеци го пишувале и низа останати британски медиуми, а во сите текстови, без исклучок, Македонија е дел од државите каде би се сместиле непожелните мигранти кои Обединетото Кралство не сака да ги прими како азиланти.

Планот за Руанда, инаку, е план за сместување на непожелните мигранти во Руанда, поточно изградба на мигрантски кампови, а за возврат британската влада се обврзува да ѝ помогне на Руанда во делот на инфраструктурата.

Извор: infomax.mk

Comments


bottom of page