
Аналена Бербок денеска се очекува да биде избрана за претседателка на Генералното собрание на ОН
- ТВ КАНАЛ ВИС null
- Jun 2
- 1 min read
Генералното собрание на Обединетите нации денеска треба да ја избере поранешната германска министерка за надворешни работи, Аналена Бербок, за нова претседателка на ова највисоко тело на ОН.
Бербок е единствениот кандидат за функцијата, која има едногодишен мандат и е претежно церемонијална. Улогата на претседателот на Генералното собрание не треба да се меша со позицијата на генералниот секретар на ОН, која ја извршува Антонио Гутереш.
Гласањето на пленарната седница, во присуство на претставници од 193 земји-членки, се смета за формалност.
Официјалната инаугурација на Бербок, која доаѓа од редовите на германските Зелени, е закажана за 9 септември – непосредно пред започнувањето на годишната општа дебата на Генералното собрание на ОН, на која учествуваат лидери од целиот свет.
Comments