top of page

Струмица се поклони пред ликот и делото на претседателот Борис Трајковски



Со достојна свеченост, Општина Струмица денеска ја одбележа 69-годишнината од раѓањето на трагично загинатиот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски. Пред споменикот „Македонија“ во големиот градски парк, семејството Трајковски, претставници на локалната самоуправа, политички партии, институции и организации положија свежо цвеќе во негова чест.


За животот и делото на Трајковски зборуваше Ице Беличев, член на Советот на Општина Струмица.


– Борис Трајковски не беше само втор претседател на Република Македонија. Тој беше и остана симбол на човечноста и посветеноста. Од скромните улици на Струмица до највисоката државна функција, секогаш остана свој. За него сите беа еднакви – без разлика дали се земјоделци, работници, политичари или државници. Тоа го правеше човек пред сè – рече Беличев.


Беличев истакна дека Трајковски останува запаметен како лидер кој не ги делеше луѓето според функција или потекло, туку според човечноста.


Во чест на претседателот, беа прочитани и литературни творби од ученици – наградени учесници на конкурсот организиран од библиотеката „Благој Јанков Мучето“.

ree
ree
ree
ree
ree
ree
ree
ree
ree

 
 
 

Comments


bottom of page