Споредба на воената моќ меѓу Израел и Иран: Тензии и ескалација на конфликтот
- ТВ КАНАЛ ВИС null
- Jun 19
- 2 min read
Војната меѓу Израел и Иран продолжува да се интензивира, додека двете страни ветуваат максимален притисок врз својот непријател, по неколку дена на насилство што започна со воздушната офанзива на Израел.
Долгогодишните регионални тензии и војната од сенка кулминираа на 13 јуни, кога Израел изврши бомбардирање на ирански нуклеарни и воени објекти, при што беа убиени високи ирански офицери. Во одговор, Иран испука голем број балистички ракети кон израелски градови, предизвикувајќи големи штети и жртви на двете страни.
Кога станува збор за воената сила, Иран го надминува Израел по број на војници. Според Меѓународниот институт за стратешки студии, Иран има околу 960.000 активен и резервен персонал, додека Израел располага со 634.500, вклучувајќи и резервисти кои може брзо да бидат мобилизирани.
Сепак, Израел има значително надмоќ во воздушните сили, поседувајќи напредни борбени авиони како што се 39 Ф-35, 196 Ф-16 и 75 Ф-15. Овие авиони обезбедуваат израелска воздушна супериорност, додека иранските авиони се постари модели и ограничени од санкциите.
Иран во голема мера се потпира на своите балистички ракети и беспилотни летала („Шахед 136“, „Емад“, „Фатах“), со дострел до 2.500 километри, што ги прави опасни на долги растојанија. Израел, од друга страна, се брани со еден од најнапредните системи за воздушна одбрана во светот – вклучувајќи ја „Железната купола“, „Стрелата“ и „Праќката на Давид“, кои ефективно пресретнуваат ракетни напади.
Клучен фактор во конфликот е и нуклеарната програма на Иран, која Израел и Западот ја сметаат за закана. Иако Техеран тврди дека нема намера да произведе нуклеарно оружје, нивното збогатување ураниум на високи нивоа предизвикува сериозна загриженост. Израел се смета за нуклеарна сила, иако официјално не го потврдува тоа, со проценки дека поседува од 80 до 400 нуклеарни боеви глави.
Во овој комплексен конфликт, Израел има предност во технологијата и воздушната супериорност, додека Иран располага со значителен број војници и ракетни капацитети што го прават регионалниот конфликт ескалирачки и потенцијално опасен за пошироки размери.
Comments