top of page

Регулаторната комисија за енергетика одлучи дека од вечерва на полноќ ќе се зголемат цените на горивата.



Цените на ЕУРОСУПЕР 95, ЕУРОСУПЕР 98+ и ЕУРОДИЗЕЛ се зголемуваат за 1,5 денари по литар. Според новите цени, ЕУРОСУПЕР 95 од утре ќе се продава по 76 денари за литар, ЕУРОСУПЕР 98+ по цена од 78 денари, додека ЕУРОДИЗЕЛ ќе чини 67,5 денари за литар.


Од друга страна, цената на екстралесното масло за домаќинство се намалува за 1 денар и од утре ќе се продава по цена од 67,5 денари. Цената на мазутот се зголемува за 1,3 денари и од утре ќе изнесува 39,8 денари по килограм.

 
 
 

Comments


bottom of page