top of page

Повредените од пожарот во „Пулс“, кои се рехабилитираат на Пониква пуштија 62 бели балони во чест на загинатите



Повредените во трагичниот пожар во клубот „Пулс“, кои моментално се на рехабилитација во одморалиштето на МВР во Пониква, во знак на сеќавање на 62-те загинати, пуштија 62 бели балони.


Од дворот на манастирот „Св. Василиј Велики“ во Пониква, тие упатија емотивна порака и побараа прошка што не успеале да ги спасат своите другари.


„Ние сме преживеаните од ноќта што никогаш нема да ја заборавиме – ноќта кога изгубивме 62 свои браќа и сестри, другари и пријатели. Денес стоиме како сведоци на болка која не се брише, но и на љубов која останува вечна. За вас, нашите ангели, ви праќаме опрост – опрост што не можевме да ве спасиме и што продолживме да живееме, додека вие останавте млади засекогаш“, изјавија повредените.

ree

 
 
 

Comments


bottom of page