
Ноќеска повторно земјотрес во Охридско-струшкиот регион
- ТВ КАНАЛ ВИС null
- Jun 19, 2025
- 1 min read
По серијата земјотреси вчера, ноќеска во 00:48 часот беше регистриран уште еден земјотрес со локална магнитуда ML 2.5 степени во епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, на околу 102 километри југозападно од Скопје.
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека потресот бил почувствуван во Охрид, Струга и околината со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала.
Вчера изутрина во истиот регион беа регистрирани повеќе земјотреси, при што најсилниот со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала се почувствува во 4:34 часот во Охрид и околината.
Иако земјотресите предизвикаа вознемиреност кај локалното население, засега не се пријавени материјални штети.




Comments