top of page

Нова варијанта на коронавирусот со прекар „грло како жилет“ предизвикува специфични симптоми и се шири глобално

ree

Стручњаците алармираат за појава на нова варијанта на коронавирусот, означена како NB.1.8.1, која предизвикува интензивна болка во грлото, поради што меѓу населението ја добила прекарот „грло како жилет“.


Варијантата потекнува од сојот омикрон и рекомбинантната варијанта XVD.1.5.1, а првпат е откриена во Кина во јануари годинава. Оттогаш се проширила и во други региони, вклучително и во САД, каде што до 7 јуни станала втора најзастапена варијанта, со удел од 37% од сите случаи, според податоците на Американскиот центар за контрола и превенција на болести (CDC).


Позаразна, но не и потешка форма

Според експертите, варијантата може да биде позаразна поради мутациите во шилестиот протеин, што му овозможува на вирусот полесно да се врзе за ACE2 рецепторите на човечките клетки. И покрај тоа, досега нема докази дека предизвикува потешки форми на болеста или дека води до зголемување на хоспитализациите.


„Грлото како жилет“ – нов симптом?

Силната болка во грлото е најчесто пријавуван симптом кај заразените со NB.1.8.1, но стручњаците предупредуваат дека болка во грлото е чест симптом кај речиси сите варијанти на коронавирус, и се јавува кај околу 70% од заразените. Токму поради тоа, не е сигурно дали оваа болка е единствена карактеристика на новата варијанта.


Препораки за заштита

Иако новиот сој засега не се поврзува со потешки здравствени компликации, лицата од ризични категории – постари, хронично болни и имунокомпромитирани – остануваат подложни на потенцијално сериозни последици.


CDC препорачува вакцинирање двапати годишно за високоризичните групи, а дополнително се советува:


Да се подобри вентилацијата во затворени простории (отворање прозорци, користење прочистувачи на воздух),


Да се носат маски во гужви и затворени простори,


Да се избегнуваат затворени и слабо проветрени простории,


Да се направи тест доколку се појават симптоми.


Меѓу најчестите симптоми, покрај болката во грлото, се и: кашлица, треска, замор, главоболка, течење на нос, губење на вкус или мирис, болки во мускулите, мачнина и дигестивни проблеми.

 
 
 

Comments


bottom of page