
Нетанјаху: Израел постигна историска победа во операцијата „Исправен лав“
- ТВ КАНАЛ ВИС null
- Jun 25
- 1 min read
Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, доцна синоќа ја прогласи операцијата „Исправен лав“ за историска победа, нагласувајќи дека земјата нанела значителни штети на иранските нуклеарни и балистички капацитети.
Во своето обраќање, Нетанјаху истакна дека операцијата била поддржана од САД и дека американскиот претседател Доналд Трамп одиграл „невидена улога“ во одбраната на Израел.
„Израел никогаш немал пријател како претседателот Трамп во Белата куќа. Му се заблагодарувам од дното на срцето за неговата поддршка и заедничката работа во отстранувањето на иранската нуклеарна закана“, изјави Нетанјаху, само неколку часа откако Трамп јавно го критикуваше Израел за кршење на примирјето со Иран.
Според Нетанјаху, американските сили го уништиле подземниот нуклеарен објект за збогатување ураниум во Фордо. „Ако Иран се обиде да ја обнови својата нуклеарна програма, ќе дејствуваме со иста решителност и сила за да го спречиме тоа. Повторувам – Иран нема да има нуклеарно оружје“, порача израелскиот премиер.
Тој додаде дека Израел ја уништил иранската програма за балистички ракети и поголем дел од лансирните системи. „Му нанесовме тешки удари на злиот режим“, рече Нетанјаху.
Осврнувајќи се и на ситуацијата во Газа, премиерот подвлече дека Израел мора да го порази Хамас и да ги врати заложниците.

Comments