top of page

Непречен сообраќај и без задржувања на граничните премини


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај надвор од урбаните средини е умерен.

На граничните премини од македонска страна, во моментов нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Автомотосојузот на Македонија (АМСМ) апелира до возачите да ја прилагодат брзината на движење според условите на патот, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да бидат особено внимателни при управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите каде што постои опасност од појава на одрони.

Засилено внимание се препорачува на следните патни правци: Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ree

 
 
 

Comments


bottom of page