
КОСТАДИНОВ ОБЈАВИ „МАНИФЕСТ БР. 3“ – ВИЗИЈА ШТО СЕ СЛУША, ПЛАН ШТО СЕ ЧУВСТВУВА
- ТВ КАНАЛ ВИС null
- Jun 29
- 2 min read
Додека другите ветуваат, тој реализира. Манифестот ги содржи барањата на народот, веќе спроведени на дело.
Во време кога политичката сцена е преполна со празни флоскули и бесцелни ветувања, одекна „Манифестот број 3“ на Костадин Костадинов – документ кој не само што е план, туку е отчет, платформа и доказ за веќе започната иднина.
Од Словенија, каде Костадинов јавно беше забележан во дијалози со врвни експерти од областа на социјалната политика, дојде сигналот: визијата на Струмица добива европска димензија.
„Очигледно е дека Костадинов не оди во странство за шопинг, туку за знаење и решенија. По објавата на третиот манифест, станува јасно дека тој не ги пишува програмите во кабинет – туку на терен, во соочување со вистинските потреби на граѓаните,“ коментираат аналитичарите.
✅ Манифест што го пишуваше народот, а го потпиша лидерот
Манифестот содржи 100 социјални мерки за пензионерите, а веќе над 70% од нив се во завршна или реализирана фаза:
– бесплатен јавен превоз,
– субвенции за бањи,
– дневни центри,
– домашни посети од медицински сестри,
– телефон за итна помош,
– програма „Посини ми баба/дедо“,
– поддршка за сметки и огрев,
– правна помош,
– и многу други.
Ова не се желби. Ова се факти.
Градоначалникот не претстави ветувања, туку формализирана, издржана, социјалдемократска програма што се базира на неговото тригодишно водење на Струмица – со работа, со бројки и со срце.
🔎 Европска мисла, струмички дух
Според неофицијални информации, консултациите во Љубљана се дел од поголема стратегија за подигнување на локалните политики на нивото на европски социјални стандарди.
И токму тука Костадинов го потврдува она што сите го знаат, но ретко кој го признава:
👉 Струмица одамна не е локален град. Таа е модел. Струмица е мапа на иднината.
🛡 Поддршка како никогаш досега
Граѓаните препознаваат кога некој работи за нив. Поддршката за Костадинов е повисока од кога било, не само поради личниот капацитет, туку затоа што секој манифест е дијалог со народот.
📌 Костадинов не чекори во кампања – тој чекори во продолжение на реализацијата.
Со три манифести, со дела на терен и со меѓународна подготовка – тој не оди по гласови.
Тој оди по победа.
И како што велат пензионерите низ маалата:
„Овој човек не не заборави. Овој човек не’ чу, и не’ запиша.“

Comments