top of page

КОСТАДИНОВ – ЛИДЕРОТ ШТО ГО САКА НАРОДОТ, ГО ПОЧИТУВА ПАРТИСКОТО РАКОВОДСТВО, А РАБОТИ СЕКОЈ ДЕН КАКО ЗА СВОЈА КУЌА


ree

Во Струмица нема повеќе дилеми – народот си го кажа своето. Градоначалникот Костадин Костадинов добива огромна поддршка од граѓаните, кои сѐ погласно го бараат повторно да се кандидира на претстојните локални избори. Анкетите велат дека дури 40% од жителите на градот и околните села би го избрале токму него, без двоумење. Затоа што кај Костадинов нема лажење, нема глумење, нема празни ветувања. Сѐ што кажал – го направил. И сѐ што направил – се гледа со голо око.


Под негово раководство, Струмица стана првиот град на Балканот со целосно електричен јавен превоз. Автобуси што не загадуваат, не трошат гориво и се удобни за сите. Направени се вело-патеки, расчистени се булеварите од хаосот со дивите продавачи, направен е ред во угостителството, дивоградбите се срушени, а плоштадот му е вратен на народот.


Не е тоа сѐ. Во негов мандат се направи најголемиот пазар во Македонија, најголемиот зелен парк на површина од 43.000 квадратни метри, дом на култура во Куклиш, атмосферски и фекални канализации во селата, и многу други проекти што со години никој не ги ни започнувал.


И покрај сето тоа, Костадинов сѐ уште не ја објавил кандидатурата за нов мандат.


„Јас верувам во мојата матична партија СДСМ. Го почитувам раководството, го почитувам претседателот Венко Филипче и нема да преземам ништо без да се завршат внатрепартиските постапки. Тоа е прашање на ред, дисциплина и одговорност. Но благодарам од срце за поддршката што ја добивам секој ден од луѓето на терен“, порача Костадинов.


Тој не трча по слава. Не се појавува на телевизии за да се фали. Напротив, секојдневно е со народот. Само во изминативе неколку години, лично сретнал и разговарал со над 50.000 граѓани – некои и по неколку пати. За него тоа не е обврска, туку задоволство. Тоа е патот до вистинско водење – со уши отворени за народот и со срце полно за Струмица.


„Јас сум фокусиран на работа, а не на дневна политика. Веројатно затоа и граѓаните ме препознаваат и ми веруваат. Јас сум победник по природа – не затоа што сум некој посебен, туку затоа што никогаш не престанав да сум со народот. Сѐ што сум направил, е со нивна поддршка“, вели Костадинов.


Тој е човекот што не познава изборен пораз. Но никогаш не се возгордеал. Останал приземјен, достапен, нормален. За него победата не е за себе – туку за Струмица. За младите, за пензионерите, за работниците, за селаните, за спортистите, за културните уметници… за сите.


Додека политичките противници калкулираат и прават стратегии, Костадинов со уште поголема енергија продолжува напред. Неговата енергија, како што самиот вели, не може да се потроши – бидејќи доаѓа од љубовта кон градот и луѓето.


Сега е на ред партијата. Но народот веќе реши.

И кога народот сака – тоа не се запира.


Костадинов е веќе името што значи сигурност, искреност и успех. Струмица нема време за импровизации. Струмица сака да продолжи со вистинскиот пат.

Со Костадинов – до крај. Заедно. Силно. Поштено.

 
 
 

Comments


bottom of page