top of page

Италијанскиот амбасадор Паоло Палминтери во посета на Струмица: Потенцира на одличната соработка и иден развој


Амбасадорот на Република Италија во Република Северна Македонија, Н.Е. Паоло Палминтери, денеска престојуваше во официјална посета на општина Струмица.


Посетата започна со средба со заменик градоначалничката Елена Маѓеровска Паликарова и секретарот на општината Александар Оџаков. На средбата беше разговарано за досегашната соработка помеѓу Амбасадата на Италија и општина Струмица, која според двете страни се оценува како одлична и со потенцијал за уште подинамичен развој.


Амбасадорот Палминтери покажа интерес за развојниот потенцијал на општината, при што беше информиран за реализираните и тековните капитални проекти.


Особен акцент беше ставен на воведувањето на јавен електричен превоз, проширувањето на велосипедската инфраструктура и зголемувањето на јавните зелени површини – иницијативи кои се во согласност со европските зелени политики.

Во разговорот беше отворено и прашањето за некои од започнатите, но недовршени проекти, за кои од општината беше посочено дека се соочуваат со пречки поради, како што беше наведено, „игнорантски однос на Владата кон Струмица и нејзините граѓани“.


Посетата на амбасадорот Палминтери се гледа како чекор напред во продлабочувањето на билатералната соработка, особено во областа на локалниот развој, одржливиот транспорт и заштитата на животната средина.

ree
ree
ree
ree

ree
ree
ree
ree

 
 
 

Comments


bottom of page