
Задоволни граѓани од Дабиље: Тампонирана улица по нивно барање – ново барање стигна од Добрејци
- ТВ КАНАЛ ВИС null
- Jun 26
- 1 min read
До редакцијата на ТВ КАНАЛ ВИС пристигна благодарност од жителите на населеното место Дабиље, кои изразија задоволство од започнатите активности за тампонирање на улица во нивното село.
Според нивните зборови, станува збор за сообраќајница која со години наназад била во лоша состојба, а сега, благодарение на брзата реакција на градоначалникот Костадин Костадинов и неговиот тим, се работи на нејзино уредување.
„Ова е првпат некој да дојде, да слушне и веднаш да почне да работи. Благодарни сме што нашето барање беше сфатено сериозно, а не оставено во фиока“, велат мештаните од Дабиље.
Во меѓувреме, до нашата редакција пристигна и ново барање од жители на населеното место Добрејци, кои апелираат за слична интервенција на нивна приоритетна улица.
Како медиум, веднаш ќе го проследиме ова барање до надлежните во Општина Струмица.
Граѓанскиот глас продолжува да се слуша и да носи резултати – низ секое село, со конкретна работа на терен.





Comments