top of page

Екстремно топло време со температури до 39°C – од Петок нестабилност и пад на температурите



Времето денес ќе биде сончево и многу топло, со слаба до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималните утрински температури ќе се движат од 10 до 19°C, додека максималните дневни температури ќе достигнат од 31 до 39°C.


Под влијание на многу топла воздушна маса од југ, од денес (Среда) до Петок ќе преовладува екстремно топло време. Дневните температури насекаде ќе бидат над 30°C, а на одредени места ќе надминат и 40°C. Вредноста на UV индексот ќе биде многу висока и ќе достигне 9 – се препорачува избегнување директно изложување на сонце во најтоплиот дел од денот.


Во Петок попладне и во вечерните часови се очекува локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и можен краткотраен засилен ветер. Од Сабота следува освежување – температурите ќе опаднат за неколку степени, а ќе дува умерен до засилен северен ветер.

ree

 
 
 

Comments


bottom of page