
Доживотен затвор за Палевски, Манев, Видевски и Кешишев за убиството на Вања и Панче – ослободителна пресуда за таткото на Вања
- ТВ КАНАЛ ВИС null
- Jun 25
- 1 min read
Основниот кривичен суд во Скопје денеска изрече доживотна затворска казна за Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев за двојното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски од Велес.
Судијата Ивица Стефановски при објавувањето на пресудата соопшти дека секој од обвинетите добива доживотна казна затвор за кривичното дело убиство, а дополнително и по 10 години затвор за грабнување. Судот ги спои казните и изрече единствена доживотна казна затвор за сите четворица.
Таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој беше обвинет дека давал информации за движењето на својата ќерка, е ослободен од обвинението. Судот утврди дека Јавното обвинителство не успеало да докаже надвор од разумно сомневање дека тој го сторил делото.
Според обвинението, осудените заеднички го испланирале грабнувањето на малолетната Вања со намера да изнудат пари од нејзиното семејство. Панче Жежовски, пак, бил грабнат во Велес со цел да им го одземе своето возило „Ситроен“, кое потоа било користено за грабнувањето на детето во Скопје.
И Вања и Панче беа пријавени за исчезнати на 24 и 27 ноември 2023 година. Нивните тела беа пронајдени на 3 декември, во близина на Велес и Скопје.

Comments