top of page

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОСТАДИНОВ СО ЈАСНА ПОРАКА – ЗДРАВЈЕТО НА ГРАЃАНИТЕ ПРЕД СÈ, БЕЗ РАЗЛИКА НА НАДЛЕЖНОСТИ!


СТРУМИЦА, 15 јуни 2025 – Иако инцидентот со загадувањето на воздухот настанал надвор од административната надлежност на Општина Струмица, градоначалникот Костадин Костадинов не остана нем и веднаш реагираше – остро, државнички и со целосен фокус на заштита на граѓаните.


Станува збор за сериозен еколошки инцидент – запалување на материја што испушта густ, црн чад кој директно се движи кон територијата на Струмица. Градоначалникот во својата изјава ја опиша ситуацијата како „директен удар врз здравјето и безбедноста на граѓаните“, испраќајќи итен апел до надлежните државни институции да преземат итна и конкретна акција.


„Нема да дозволам воздухот што го дишат струмичани да биде труен. Не ме интересира административната надлежност кога се работи за здравјето на мојот народ. Сакам резултат, а не алиби“, изјави градоначалникот Костадинов.


Иако не е во негова надлежност, тој демонстрираше лидерство што не се мери со мапа на овластувања, туку со чувство за одговорност, кое во овој случај – надминува политички и административни граници.


Граѓаните на Струмица веќе одамна знаат: кога има закана, кога има проблем – нивниот градоначалник прв излегува пред линијата, без калкулации и без страв.


Останува да се види дали државните институции ќе постапат со истата решителност како што ја демонстрираше градоначалникот на Струмица.

Но едно е сигурно – во Струмица има човек што стои на браникот на здравјето и достоинството на својот народ.

 
 
 

Comments


bottom of page