top of page

Амбасадата на САД во Ерусалим не може да ги евакуира Американците, Иран продолжува со ракетни напади врз Израел

Амбасадата на САД во Ерусалим денеска објави дека во моментот не може да ги евакуира американските државјани од Израел ниту да им обезбеди директна помош за напуштање на земјата. Амбасадата исто така соопшти дека денес ќе остане затворена и им препорача на сите американски владини службеници и нивните семејства да останат во засолништа блиску до нивните домови до понатамошно известување.


Во меѓувреме, Иран продолжи со ракетните напади врз Израел. Израелските одбранбени сили соопштија дека Техеран испукал помалку од десет балистички ракети во текот на ноќта, што е значително помалку во споредба со претходните вечери, јави „Тајмс оф Израел“. Целите во централниот и северниот дел на Израел биле погодени кратко по полноќ, како и помеѓу 3:30 и 4:30 часот по локално време.

 
 
 

Comments


bottom of page