Untitled
- ТВ КАНАЛ ВИС null
- Jun 19
- 1 min read

Првата група македонски државјани кои побараа евакуација од територијата на Израел, синоќа безбедно пристигна на Меѓународниот аеродром во Скопје, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
Станува збор за осум лица – четири деца и четворица возрасни – кои во рамки на поголем организиран транспорт ја напуштиле територијата на Израел, заминале кон Египет, од каде со владино летало биле пренесени во Скопје.
Министерот Тимчо Муцунски преку социјалните мрежи информираше за успешно завршената евакуација, нагласувајќи дека Македонија е меѓу првите земји во Европа што спроведе ваква операција за враќање на свои државјани од зоната на конфликт на Блискиот Исток.
Министерството исто така информира дека преку дипломатско-конзуларното претставништво во Тел Авив останува во постојана комуникација со останатите македонски граѓани кои се наоѓаат во Израел. За сите кои имаат потреба од конзуларна помош, достапни се дежурните телефонски броеви.
Comments