
Сончево и топло време со пороен дожд и грмежи попладне
- ТВ КАНАЛ ВИС null
- Jun 19, 2025
- 1 min read
Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне, особено во западните и планинските предели, се очекува појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се движи од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени Целзиусови.
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во следните денови времето ќе остане сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе се појави локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во Четврток и Петок.




Comments