top of page

Се повторува вандализмот врз урбаната опрема во Градскиот Парк, што претставува сериозен проблем за заедницата.



На фотографиите јасно се забележуваат уништен летниковец, оштетени клупи, осветлување и кукички за птици, кои беа поставени на 30 мај од учениците од 7-мо одделение.

Поправката на оштетената опрема е веќе во тек, со цел паркот да се врати во својата првобитна и функционална состојба. Однесувањето кое доведува до вакви штети е недозволиво и мора да биде категорично осудено од целата јавност.


Градскиот Парк е симбол на нашиот град и простор кој припаѓа подеднакво на сите негови жители, па затоа заштитата и негата на оваа јавна површина е од заеднички интерес.


 
 
 

Comments


bottom of page