
Општина Струмица го објави Јавниот Повик за избор на иден Организационен Одбор на Струмичкиот карневал
- ТВ КАНАЛ ВИС null
- Jun 11, 2025
- 2 min read
Со ова се исполнува ветувањето на Градоначалникот Костадинов пред струмичани дека ќе се елиминираат сите надворешни влијанија, вклучително и политизација на Одборот и организацијата и Струмичкиот карневал ќе продолжи да чекори на правиот пат и ќе остане манифестација од светски рамки.
Рокот за пријавување на јавниот повик е 14 дена, почнувајќи од денес, 10 јуни 2025 година.
“Драги струмичани и струмичанки,
Денеска сум посебно среќен и можам да кажам дека како што беше најавено, по двете јавни дебати на кои се дискутираше за формата, изборот и начинот на функционирање на идниот Организационен одбор на Струмичкиот карневал, дојде денот да се објави и распише јавниот повик на кој се повикуваат сите вљубеници, ентузијасти, креативци и сите кои сметаат дека со своето вклучување во организацијата на Струмичкиот карневал и со својата енергија можат да го збогатат и пред се да не дозволат Струмичкиот карневал да згасне, туку напротив да продолжи да се развива и да се зачува оваа наша вековна традиција.
На Ваш предлог идниот Организацинен одбор ќе брои 17 членови од кои 7 ќе бидат предложени директно од институциите, а останатите 10 по пат на јавен повик ќе бидат избрани и од редовите на членовите ќе биде избран и Претседател на одборот. Сите други дискутирани и договорени тела и начин на функционирање на Одборот, дополнително ќе бидат уредени согласно Статут и Правилник кои на следните седници ќе ги донесе индиот одбор.
Рокот за пријавување на јавниот повик е 14 дена, почнувајќи од денес, 10 јуни 2025 година.
Со ова се исполнува моето ветување пред струмичани дека на овој начин ќе се елиминираат сите надворешни влијанија, вклучително и политизација на Одборот и организацијата и Струмичкиот карневал ќе продолжи да чекори на правиот пат и ќе остане светска манифестација.
✊За мене зборот е збор.”
-стои во објавата на градоначалникот Костадин Костадинов.
Во прилог линк од документот:
👇👇👇




Comments